Естетика на тетовирањето
Луѓето со векови го украсуваат своето тело со најразлични тетоважи. Сите тие имаат некое свое значење во долгата историја. Денес тетовирањето...
...стана моден тренд, па тој украс може да се види и на рамeњата, стомаците или плешките на јавните личности, но и кај обичните луѓе.
Историјата на оваа уметност е многу долга, речиси колку и развојот на човековата свест. Потекнува, може да се рече, уште од каменото време, кога луѓето употребувале јаглен за лечење на раните.
Потоа, тетоважите станале религиозно обележје, а подоцна прераснале во облик на уметност. Многу бргу потоа тетоважите стануваат и симбол на престиж – заради високата цена. Покрај припадниците на аристократската класа, можеле да си ги дозволат само уште богатите криминалци.
Денес постојат и екстремни облици – кога се прават цртежи по целото тело. Сепак останува фактот: без разлика колку години е оспорувана тетоважата, сега има многу повеќе заинтересирани да го украсат своето тело со некој посебен мотив.
Има и такви кои не го прават тоа поради мода, туку од потреба да имаат тетоважа (да речеме поради посебно значење, верување или познавање на оваа уметност). Други пак го украсуваат телото со тетоважи само поради таквиот тренд – доволно е некој нивни јунак од светот на филмот или музиката има тетоважа, па и тие сакаат баш таква иста.
Мотивите за тетовирање се разновидни. Со значење или без, секако се во тренд, особено апстрактните. Покрај тоа, ако Анџелина Џоли се појави со нов змеј, таа слика станува тренд.
Без разлика дали цртежот се наоѓа на стомакот или на листовите од рацете/нозете, без разлика на мотивот (реален, апстрактен, линиски или портрет) тетовирањето е многу популарно и атрактивно посебно меѓу помладите.