За цврсти и стегнати гради
Кога е во прашање деколтето, важно е да е затегнато и цврсто. А, тоа ќе го постигнете со помош на вежби. Овие едноставни вежби можете да ги...
...правите дома, во било кој период од денот. Вашите гради ќе ви бидат благодарни.
1. Стиснати до ѕид. Потпрете се со дланките на ѕидот, стиснете со рацете колку можете посилно и задржете ја таа положба неколку секунди. Повторете ја вежбата неколку пати. Кога ќе соберете сила, задржете го притисокот десет секунди.
2. Спојте ги лактите. Застанете исправено, рацете свиткајте ги благо и потпрете ги дланките на колковите. Обидете се да ги споите лактите позади грбот и задржете ја оваа позиција 10- 15 секунди. Направете го ова полека за да се фокусирате на истегнувањето на мускулите. Повторете ја вежбата 8 пати.
3. Моќна прегратка. Спојте ги дланките пред градите и притиснете ги меѓусебно во траење од 5 секунди, а вежбата повторете ја 10 пати.
4. Силни дланки. Спојте ги дланките пред брадата и притискајте ги едни од други во траење од 3-5 секунди. Ова притискање повторете го 8 до 10 пати.
5. И неизбежно – склекови. Сите ги мразиме, но задолжителни се особено ако сакате да ги затегнете градите. За почеток одберете ги женските склекови – наместо да стоите на прстите од стапалата, потпрени сте на колената кои се превиткани.