Совети за паметно купување: „Купи повеќе - заштеди повеќе“
Во супермаркет секогаш одите со список, но дали секогаш го купувате само она што ви е запишано? Речиси никогаш, нели?
А, што кога одите да купувате нови парчиња облека, обувки и модни додатоци?
Постојат неколку работи кои треба да ги имате на ум за да не се прашувате „каде ви отишле парите“, на крајот на месецот.
Ова се неколку совети за паметно купување:
1. Бидете мудар инвеститор.
Постои една изрека која вели „Сиромавиот дупло плаќа“. Затоа, прво и основно е да сте сигурни дека купувате квалитетни парчиња облека кои нема да завршат во канта или како крпа за бришење после 5 перења.
2. Размислете што ви е потребно за следниве неколку месеци.
Дали имате некои значајни официјални настани за кои ќе ви биде потребна елегантна и свечена облека? Дали планирате да спортувате па ви требаат практични парчиња за трчање или теретана? Дали на работа имате задолжителен дрес код? Направете листа од она што ќе ви биде потребно во вашиот гардеробер во следниве неколку месеци.
3. Кога купувате онлајн имате можност и неограничено време на раат да го разгледате целиот избор понуден во продавницата.
Слободно означувајте си ги работите кои ви се допаѓаат и означете ги како омилени или ставете ги во вашата кошничка. На крајот селектирајте и одлучете што е она што навистина ви треба од изборот.
4. Секогаш бидете информирани за попусти и акциите кои се актуелни во моментот. Во тек е промоцијата во онлајн продавницата на Fashion Group - “Купи повеќе – Заштеди повеќе“.
Што добивате? Попуст од 20% на еден купен производ, 25% на два купени производи и 30% за над три купени производи на целата сметка. Сега е вистинско време да купите повеќе парчиња кои ви се потребни за пониски цени.
5. Користете ги предностите на онлајн купувањето и очекувајте достава на вашата нарачка до дома.
За купените производи од Fashion Group доставата чини 160 денари, но не се наплаќа доколку нарачката ви е над 1.000 денари.
6. Информирајте се со време за времето на достава, односно за колку денови ќе ја имате вашата нарачка дома.
Испораката на Fashion Group е за 3 до 5 работни денови.
7. Исто така и можноста за замена на производот или рефундирање на средствата.
Најважно од се – шопингот треба да ви претставува задоволство, а не да ви предизвикува замор и залудно губење време.