Модни комбинации - пролет '11
Светските модни креатори одамна почнаа со дизајнирање на трендовите за пролет 2011. Секоја девојка мисли дека нема што да облече иако има безброј...
...парталчиња во орманот. Дури и ако не си моден фрик, не е лошо да знаеш како од постоечките парчиња да направиш од себе изглед на вистинска дива, улична кралица, панк заводничка или дама.
1. Гламур од 70-тите.
Софистициран, боемски гламур. Долги фустани и панталони над струкот. И кога не е врзан со трендот, гламурот на 70-тите секогаш ја истакнува женственоста. Пронајдете старо сако од мајка ви. Внесете малку радост во својот изглед, а за возврат ќе добиете пријатни погледи и насмевки.
2. Моторџиски аутфит.
Кожни панталони, мото јакна и чизми. Не може никогаш да претерате со деталите, ланците, алките или обетките. Ослободи се и носи се’ што ќе направи да изгледаш како кралица на улицата.
3. Панк.
Скинати чорапи, црно, црно и комбинација со масивни чизми. Сето ова со секси фустанче. Или тесни панталони со скината маица и нежни штикли. Се што треба да направите е да уживате во секси изглед со несредена фризура.
4. Дамски изглед.
„Напумпани“ широки фустани и сукњи со бабски стил – никогаш не стареат. Се зависи од добрата комбинација на модните детали од 60-тите или сандалите со отворени прсти. Сентиш изглед за дами.