Познати личности кои храбро ја носат истата модна комбинација неколкупати
Мишел Обама
Поранешната прва дама на САД секогаш изгледа одлично, дури и кога го носи истиот фустан два пати.
Во септември 2010-та, Мишел се појави со цветниот фустан во Њујорк. Две години подоцна, таа го носеше истиот фустан на официјалната посета на Арлингтон.
Хелен Милер
Холивудска актерка како неа, може да прави што сака. Па, Хелен без проблем го облече истиот фустан во период од 2 месеци.
Кејт Мидлтон
Само затоа што е дел од кралското семејство не значи дека Кејт не знае да биде скромна. За војвотката е познато дека не купува многу скапа облека и дека ги носи истите парчиња неколку пати.
Меган Маркл
И војвотката од Сасекс храбро ја носи истата облека повеќе пати.
На пример, Меган го носеше овој фустан кога го посети Сиднеј на крајот на 2018-та. Таа го одбра истиот фустан и додека беше во Јужна Африка.
Мерил Стрип
Во 2009-та година, актерката го привлече вниманието на сите кога се појави со фустан што го носеше на доделувањето на Оскарите во 1979-та.
Оттогаш, кариерата на Мерил се движи само во нагорна линија, а слободно можеме да кажеме дека таа изгледаше и подобро во фустанот отколку во младоста.
Спирова С. | Црнобело