Познати личности кои храбро ја носат истата модна комбинација неколкупати

Денешната мода има навистина строги правила. На пример, многумина сметаат дека не треба да ја носат истата комбинација повеќе пати, веруваат дека треба секоја сезона да купуваат нова облека и да ги следат сите трендови.

poznati-lichnosti-koi-hrabro-ja-nosat-istata-modna-kombinacija-nekolkupati-01.jpg

Повеќето познати ги следат овие барања, но постојат и оние кои храбро им се противат.

Следниве познати личности не се грижат за модните правила и не им е страв да се појават со истата комбинација повеќе од еднаш:

Кејт Бланшет

Холивудската актерка може без проблем да ја носи истата облека на неколку церемонии.

Актерката прв пат го облече црниот Armani фустан на доделувањето на Златен глобус во 2014-та, а 4 години подоцна, се појави со истиот фустан во Кан.

poznati-lichnosti-koi-hrabro-ja-nosat-istata-modna-kombinacija-nekolkupati-02.jpg

Ана Винтур

Уредничката на Vogue е една од највлијателните модни икони, но и таа се осмелува да го носи истиот фустан два пати.

Во 2009-та, Ана го носеше фустанот на Мет галата, а во 2012-та се појави со него на приемот на британскиот премиер.

poznati-lichnosti-koi-hrabro-ja-nosat-istata-modna-kombinacija-nekolkupati-03.jpg

Хелена Бонам Картер

Хелена е позната по ексцентричниот стил, па секое нејзино појавување е незаборавно. Но и покрај ова, на Хелена не ѝ е проблем да ги носи истите фустани повеќе пати.

Во 2012-та, таа се појави на Лондонскиот филмски фестивал со фустан што го носеше една година порано.

poznati-lichnosti-koi-hrabro-ja-nosat-istata-modna-kombinacija-nekolkupati-04.jpg

Викторија Бекам

Викторија секогаш изгледа беспрекорно, а и таа не се срами да ја облечи истата облека повеќе пати. Покрај тоа, таа одлично знае како да ги комбинира сите парчиња.

poznati-lichnosti-koi-hrabro-ja-nosat-istata-modna-kombinacija-nekolkupati-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg