Познати личности кои храбро ја носат истата модна комбинација неколкупати
Денешната мода има навистина строги правила. На пример, многумина сметаат дека не треба да ја носат истата комбинација повеќе пати, веруваат дека треба секоја сезона да купуваат нова облека и да ги следат сите трендови.
Повеќето познати ги следат овие барања, но постојат и оние кои храбро им се противат.
Следниве познати личности не се грижат за модните правила и не им е страв да се појават со истата комбинација повеќе од еднаш:
Кејт Бланшет
Холивудската актерка може без проблем да ја носи истата облека на неколку церемонии.
Актерката прв пат го облече црниот Armani фустан на доделувањето на Златен глобус во 2014-та, а 4 години подоцна, се појави со истиот фустан во Кан.
Ана Винтур
Уредничката на Vogue е една од највлијателните модни икони, но и таа се осмелува да го носи истиот фустан два пати.
Во 2009-та, Ана го носеше фустанот на Мет галата, а во 2012-та се појави со него на приемот на британскиот премиер.
Хелена Бонам Картер
Хелена е позната по ексцентричниот стил, па секое нејзино појавување е незаборавно. Но и покрај ова, на Хелена не ѝ е проблем да ги носи истите фустани повеќе пати.
Во 2012-та, таа се појави на Лондонскиот филмски фестивал со фустан што го носеше една година порано.
Викторија Бекам
Викторија секогаш изгледа беспрекорно, а и таа не се срами да ја облечи истата облека повеќе пати. Покрај тоа, таа одлично знае како да ги комбинира сите парчиња.