Како да ја одберете најдобрата чанта според типот на вашето тело?

За да го креирате совршениот изглед, треба да мислите на сè. А дури и вашата чанта може да има големо влијание врз крајниот резултат.

kako-da-ja-odberete-najdobrata-chanta-spored-tipot-na-vasheto-telo-01.jpg

Поради тоа, би требало да знаете кои модели на чанти стојат најдобро на вашиот тип тело.

Кој е вашиот тип тело?

- Доколку вашите рамена се пошироки од колковите, тогаш вашето тело е во форма на превртен триаголник.

- Доколку половината и рамената се потесни од вашите колкови, тогаш вашето тело има форма на круша.

- Доколку рамената, половината и колковите се со иста големина, вашето тело има форма на правоаголник.

kako-da-ja-odberete-najdobrata-chanta-spored-tipot-na-vasheto-telo-02.jpg

- Доколку половината е поширока од колковите и рамената, вашето тело е во форма на јаболко.

- Ако рамената и колковите се со иста големина и се пошироки од половината, вашето тело има форма на песочен часовник.

kako-da-ja-odberete-najdobrata-chanta-spored-tipot-na-vasheto-telo-03.jpg

Експертите сметаат дека кога одбирате чанта, таа треба да има спротивна форма од формата на вашето тело.

Погледнете што значи тоа:

Форма на превртен триаголник

Доколку ова е вашиот тип тело, обидете се да го насочите вниманието кон вашиот струк. Обрнете внимание на должината и ширината на рачките.

Бидејќи не треба да ги нагласувате рамената, не купувајте премала или преголема чанта со широки рачки.

Најдобро ќе ви стојат чантите со долги рачки, чанти-колани и мали чанти.

kako-da-ja-odberete-najdobrata-chanta-spored-tipot-na-vasheto-telo-04.jpg

Форма на правоаголник

Вие треба да додадете облини на вашето тело, па за вас најважни се дизајнот и материјалот на чантата.

Рачките треба да бидат доволно долги за чантата да стигнува до вашите колкови.

Наместо мали чанти со геометриска форма, најдобро ќе ви стојат големите торби, изработени од мека кожа.

kako-da-ja-odberete-najdobrata-chanta-spored-tipot-na-vasheto-telo-05.jpg

Форма на круша

Бидејќи не треба да го нагласувате долниот дел од телото, задржете го фокусот на рамената и градите.

За да го постигнете ова, треба да внимавате само на должината на рачките. Односно, чантата не треба да биде пониско од вашиот струк, а добро ќе ви стои речиси секој модел. 

kako-da-ja-odberete-najdobrata-chanta-spored-tipot-na-vasheto-telo-06.jpg

Форма на јаболко

Бидејќи треба да направите илузија со која ќе создадете рамнотежа на вашата силуета, големината и дизајнот на чантата ќе имаат најголемо влијание.

Држете се понастрана од мали модели со кратки рачки. Најдобро ќе ви стојат големи кожни чанти и чанти со рачка на врвот.

kako-da-ja-odberete-najdobrata-chanta-spored-tipot-na-vasheto-telo-07.jpg

Форма на песочен часовник

Доколку вашето тело е со форма на песочен часовник, воглавно добро ќе ви стојат сите модели.

Сепак, најдобро е да одбирате чанти што нема да ја прикријат вашата фигура. Дајте им предност на едноставните дезени и текстури.

kako-da-ja-odberete-najdobrata-chanta-spored-tipot-na-vasheto-telo-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Детали на кои треба да обрнете внимание кога купувате чанта – прават да изгледа „евтино“ Непријатен мирис и конци што висат – на кои ситници да обрнете внимание кога куп...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
8 начини за визуелно да го скриете стомакот (и да се чувствувате посамоуверено) Кажете им „не“ на тесните фармерки, а прифатете го облекувањето во слоеви... Как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg