Сопственичка на компанија од 85 милиони долари се омажи во венчаница од 300 долари

Џејн Лу им одржа лекција за приземност на богаташите – таа е сопственичка на компанија за облека од 85 милиони долари, а на свадбата се појави во венчаница од 300 долари.

sopstvenichka-na-kompanija-od-85-milioni-dolari-se-omazhi-vo-venchanica-od-300-dolari-1.jpg

За разлика од останатите милионери кои не знаат на што попрво да ги потрошат милионите и купуваат венчаници од илјадници долари, во светот постојат и такви за кои парите и скапиот изглед не се единствениот фактор.

Основачот и извршниот директор на австралискиот моден бренд Showpo, Џејн Лу, оваа есен се омажи за финансискиот директор на мултимилионската компанија.

На свадбата, таа беше облечена во венчаница од 300 долари, од нејзиниот бренд, кој е достапен онлајн и за други идни невести.

Нејзините деверици беа облечени во различни нијанси на розово, во креации со потпис на нејзиниот бренд.

Парот организирал свадба во кругот на најблиските, а за истата велат дека сакале да биде раскошна и забавна.

Местото е украсено со многу цветни аранжмани, балони и изгледа бајковито, а и покрај тоа што е сопственик на 85-милионска компанија, невестата се држи до едноставен и скромен стил.

Фотки од свадбата на најскромната невеста-милионер:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
9 совети со кои ќе изгледате како „милион долари“ (без да потрошите многу пари) Плетен џемпер со V-отвор на линии, кафена чанта за секоја комбинација - некои па...
Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот) Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg