Како се облекуваат несигурните жени?
Ниту една жена нема да ја признае својата несигурност. Сепак, сите жени, без исклучок, се нашле во ситуација каде што се чувствувале несигурно.
Причини за ова има многу – ниска самодоверба, неподготвеност, а неретко, несигурноста е предизвикана и од облеката и шминката.
Всушност, токму она што го носите, може да има големо влијание на вашата самодоверба.
Па, погледнете како се облекуваат несигурните жени:
Темна облека
Несигурните жени сакаат да се покријат. Не сакаат никако да се истакнат и да привлекуваат внимание.
Поради ова, најчесто одбираат облека со темна или сива боја. Во нивниот гардеробер речиси и да нема облека со светла нијанса.
Преголеми парчиња облека
Несигурните жени секогаш го потценуваат изгледот на нивното тело. Сметаат дека се премногу дебели, премногу слаби, дека имаат стомаче…
За да ги скријат овие недостатоци, често одбираат широка и преголема облека.
„Мајчин“ стил
Несигурните жени можеби со години ќе го бараат својот стил, но на крајот ќе се откажат и ќе почнат да се облекуваат како нивните мајки.
Ова и не е толку лошо, но доколку сте забележале дека спаѓате во оваа категорија, обидете се одвреме-навреме да додадете нешто ново во вашиот гардеробер.
Комбинирањето не постои кај нив
Овие жени или се облекуваат премногу впечатливо, или премногу едноставно. Изгледа дека кај нив не постои средина.
Исто е и со шминкањето – или нанесуваат премногу шминка, или целосно се откажуваат од неа. И во двата случаи, најверојатно станува збор за несигурна жена.
Доколку се пронајдовте, најверојатно имате ниска самодоверба. Па, време е да поработите на тоа, а можете да почнете од вашиот гардеробер.
Спирова С. | Црнобело