Најскапиот накит што го носеле ѕвездите на црвениот тепих
Салма Хајек
Дијамантските обетки што ги носеше актерката на доделувањето на Оскарите во 2018-та година, чинат 4,2 милиони долари.
Џенифер Лопез
Џеј Ло се појави на доделувањето на Златниот глобус во 2011-та година со дијамантски обетки од 3 милиони долари. Исто така, носеше и дијамантски брош, дијамантска ракавица и дијамантски прстен, кои чинеле 2 милиони долари.
Кејт Бланшет
Во 2014-та година, на доделувањето на Оскарите, Кејт Бланшет се појави со обетки од опал, дијамантска ракавица и дијамантски прстен. Целиот накит чинел 18 милиони долари.
Анџелина Џоли
Овие смарагдни обетки чинат 2,5 милиони, а актерката ги носеше на доделувањето на Оскарите во 2009-та година.
Сандра Булок
Нараквицата што ја носеше Сандра на доделувањето на Оскарите во 2014-та година чини неверојатни 6,4 милиони долари. Истата ја искомбинирала со дијамантски обетки, па целиот накит на актерката чинел 8,2 милиони долари.
Спирова С. | Црнобело