Најскапиот накит што го носеле ѕвездите на црвениот тепих
Знаеме дека ѕвездите секогаш изгледаат беспрекорно на црвениот тепих. Исто знаеме и дека речиси секогаш носат дизајнерски парчиња кои чинат мало богатство.
Но бидејќи ниту една модна комбинација не е комплетна без накит, неретко ѕвездите се појавуваат со обетки, ѓердани и прстени што понекогаш вредат и по неколку милиони.
Погледнете го најскапиот накит што го носеле ѕвездите на црвениот тепих.
Лејди Гага
На доделувањето на Оскарите во 2019-та година, познатата пејачка се појави со прекрасен ѓердан кој го красеше 128-каратен Tiffany дијамант. Дијамантот претходно го носела и Одри Хепберн и чини неверојатни 30 милиони долари.
Бијонсе
На доделувањето на Греми наградите во 2014-та година, Бијонсе беше накитена со дијаманти со вредност од 10 милиони долари. Прекрасните обетки и прстени се од дизајнерката Лорејн Шварц.
Шарлиз Терон
На доделувањето на Оскарите во 2014-та година, Шарлиз Терон носеше ѓердан од Хари Винстон. Ѓерданот има 21-каратен смарагд, а актерката го искомбинира со дијамантски обетки. Целиот накит чинел 15,8 милиони долари.
Софија Вергара
На доделувањето на Еми наградите во 2013-та година, Софија Вергара се појави со накит од Лорејн Шворц кој вреди 7 милиони долари.
Никол Кидман
Ова е можеби најдобриот начин да се накитите со дијаманти. Актерката го носеше дијамантскиот ѓердан на доделувањето на Оскарите во 2008-ма година. Ѓерданот е направен со над 7.500 дијаманти и чини 7 милиони долари.