Како црната ролка стана симбол на креативните генијалци?

Кога најмладата милијардерка во светот, Елизабет Холмс, беше обвинета за измама во рамки на нејзината компанија, не се зборуваше толку за корпоративната злоупотреба и како измамила огромен број на луѓе, колку за нејзиниот моден стил – црни јакни, панталони и црни ролки.

kako-crnata-rolka-stana-simbol-na-kreativnite-genijalci-01.jpg

„Веројатно имам 150 вакви. Црните ролки се моја униформа. Така е полесно, бидејќи секој ден ја облекуваш истата работа и не мора да размислуваш за тоа,“ рече Елизабет во 2015-та година.

Таа изјава буквално им се одби од глава на многу жени кои секојдневно го имаат проблемот – што да облечам денес?

Колку и да звучи смешно, црната ролка е детаљ кој може многу да каже за личноста и нејзиниот карактер. Во неа секогаш изгледате кул, но интелигентно, како човек кој е поинаков од класичниот директор во бела кошула.

И сега се јавува логичното прашање – зошто едно толку обично парче облека успеа да „ги купи“ најголемите креативни умови на денешницата? Одговорот е – едноставност.

Привлечноста на ролката лежи во идеалниот баланс помеѓу кежуал и формален стил. Доволно е добра да се носи под сако, но и со широки фармерки.

kako-crnata-rolka-stana-simbol-na-kreativnite-genijalci-02.jpg

Класичната кошула и кравата ве прават одважни и „над другите,“ додека белата маица ве прави незабележителни. Тука златна средина е токму црната ролка.

Црната ролка за првпат ја носеле во 19-ти век, претежно спортисти, работници и војници. Веќе во 20-тиот век „боемите“ и уметниците ја преземале како дел од својот стил.

Пејачот Хенри Ролинс во една прилика изјавил: „Што повеќе време поминувам прашувајќи се што да облечам, толку помалку време ми останува за да го зграпчам животот.“

Воедно, тоа е најдобриот одговор на прашањето која е тајната врска помеѓу креативците и црната ролка.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Balenciaga продава обетки од 840 евра: Би носеле ли клучеви на ушите? „Што отвораат овие клучеви?“ Вака се шегуваат корисниците на социјалните мрежи, ...
5 типа ролки кои треба да ги избегнуваат жените по 40-тата година Ролки во здодевни бои и полуролки едноставно не им прилегаат на дамите над 40 го...
Како да носите елегантни шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото) За на работа, за прошетки на патувачки дестинации, за викенд кафе или вечерни из...
8 тренди парчиња кои нашите баби ги обожавале, а сега се враќаат во мода Плетени елеци со макраме техника, цветни марами, ролки комбинирани со тиролки......

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg