“Magnetista” неодолив мирис од Орифлеим за кој е научно докажано дека ја прави жената попривлечна

Шведската козметичка компанија Орифлеим, организираше невообичаен и магичен настан на кој го промовираше “Magnetista” единствениот мирис на светот за кој научно е докажано дека има моќ да ја зголеми привлечноста на жените кај мажите.  

magnetista-neodoliv-miris-od-orifleim-za-koj-e-nauchno-dokazhano-deka-ja-pravi-zhenata-poprivlechna-01.jpg

Викторија Лоба која воeдно е и заштитно лице на Орифлеим истакна дека:

Magnetista” како што кажува и неговото име, има ефект како на магнет, збогатувајќи ја жената со невидливо моќно оружје, кое и овозможува да ја контролира и успешно заврши играта на заведување. Со својот неодолив и модерен мирис оваа парфимирана тоалетна вода е наменета за сите современи и урбани жени кои сакаат да бидат свои, посебни и атрактивни!

magnetista-neodoliv-miris-od-orifleim-za-koj-e-nauchno-dokazhano-deka-ja-pravi-zhenata-poprivlechna-02.jpg

magnetista-neodoliv-miris-od-orifleim-za-koj-e-nauchno-dokazhano-deka-ja-pravi-zhenata-poprivlechna-03.jpg

Станува збор за уникатен мирис со живи и кадифени ноти добиени од цветот на страста Пасифлора, со неодолив и привлечен мирис кој поседува вибрантна енергија на заведување, како најсензуалното танго на светот.

“Magnetista” ја истакнува женската енергија и оригиналност, овозможувајќи мирисот да биде нејзиниот најсилен адут во привлекувањето. Оваа парфимирана тоалетна вода ја создадоа можеби двете најпознати и светски најреномирани професионални парфимерки Емили Коперман и Алиенор Масене, кои успеаја да создадат есенција со магична моќ на привлекување, дополнително изјави Катaрина Штерјовска, Директор на Орифлеим за Македонија

magnetista-neodoliv-miris-od-orifleim-za-koj-e-nauchno-dokazhano-deka-ja-pravi-zhenata-poprivlechna-04.jpg

Неодамна спроведената невроклиничка студија потврди дека жените кои имаат нанесено од мирисот “Magnetista” се многу попривлечни за мажите од оние жени кои го немаат нанесено.  Мирисот моментално се раширува и е со долготраен интензитет. Во студијата се тестираа емоционалните реакции, мозочната активност и движењето на очите, кои настануваат при сетилен контакт со уникатниот мирис од “Magnetista””.

magnetista-neodoliv-miris-od-orifleim-za-koj-e-nauchno-dokazhano-deka-ja-pravi-zhenata-poprivlechna-05.jpg

Невронаучниците потврдија дека благодарение на уникатната состојка Феромон, која се добива од растението Пасифлора, ова парфимирана тоалетна вода има привлечен и неодолив мирис за мажите, и делува како силен афродизијак. Имено машкото сетило за мирис функционира како филтер, систем кој буквално ги анализира сите потенцијални партнерки, па мирисот има голем потсвесен ефект во привлекувањето.

magnetista-neodoliv-miris-od-orifleim-za-koj-e-nauchno-dokazhano-deka-ja-pravi-zhenata-poprivlechna-06.jpg

magnetista-neodoliv-miris-od-orifleim-za-koj-e-nauchno-dokazhano-deka-ja-pravi-zhenata-poprivlechna-07.jpg

Со овој производ Орифлеим Македонија го збогатува своето широко портфолио на квалитетни природни производи, кои ја надополнуваат и истакнуваат женската убавина, и воопшто им овозможуваат на луѓето да го променат својот живот на подобро.

Би можело да ве интересира:

Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
Високи чизми, волнени капчиња - Како соодветно да се грижите за зимската облека и обувки? Препорачливо е кожените ракавици да ги перете на рака - на сунѓер капнете неколк...
Детали на кои треба да обрнете внимание кога купувате чанта – прават да изгледа „евтино“ Непријатен мирис и конци што висат – на кои ситници да обрнете внимание кога куп...
Модни трендови од раните 2000-ти кои денес изгледаат смешно Некои трендови никогаш не би сакале да се вратат, на пример здолништа преку фарм...
Модни парчиња и додатоци што жените со добар вкус ги избегнуваат сезонава (и што носат наместо тоа) Розови аутфити и многу големи очила - кои модни додатоци и облека излегуваат од ...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg