Бои за коса што ќе бидат апсолутен хит оваа есен
Боја на кокос
Оваа комбинација на бои беше популарна и минатата есен, но сега е полесна за одржување. Долниот дел од косата е светол, дури и со сребрена нијанса, додека коренот е многу потемен.
https://www.instagram.com/p/BxlbY1UHcDS/?utm_source=ig_embed
Чоколадо и чили
Длабоката црвена нијанса помеѓу кафеавите прамени изгледа како совршена есенска боја. Доколку во есента сакате да ја внесете топлината на летното сонце, ова е фризурата за вас.
Златни прамени
Чоколадната боја на коса не е ништо ново, но во комбинација со суптилни светли прамени се добива сосема нов изглед. Малите златни прамени ѝ даваат густина на косата.
Чоколадо со цимет
Ова е комбинација од темна подлога и прамени со боја на див костен.
https://www.instagram.com/p/BW06BBlFHBu/?utm_source=ig_embed
Брусница
Темната коса со прамени со боја на брусница ќе го привлече сечие внимание. Оваа боја е вистинско освежување доколку имате потемна коса и сакате малку да експериментирате.
Спирова С. | Црнобело