Бои за коса што ќе бидат апсолутен хит оваа есен
Трендовите се менуваат секоја сезона, а истото важи и за фризурите. Оваа есенска сезона вистински хит ќе бидат неколку нови нијанси кои имаат и интересни имиња, па ќе ви биде навистина тешко да им одолеете.
Ова лето ширум целиот свет, во фризерските салони девојките барале боја на капучино, темно пиво или еспресо, па изгледа дека боите стануваат поубави кога ги викаме како нашите омилени пијалаци.
Во продолжение погледнете кои бои на коса ќе бидат навистина популарни оваа есен.
Боја на шампињони
Ова е боја со многу тонови и поттонови – од пепеласто руса и темна, па до светлите бои на печурката. Оваа боја е навистина интересна комбинација од кафеава и темно руса коса.
Одлична е за девојките со природно руса коса или за бринети кои не сакаат драстична промена.
Колач од праски
Оваа боја крстена по сладок десерт има златни и бакарни нијанси и подлога со боја на ванила. Ова одлично комбинирање на нијансите ѝ дава густина на косата, а одржувањето е навистина лесно бидејќи пораснатиот дел од косата нема веднаш да се познава.
Пастелна розова
Оваа боја веќе беше хит, но сега е уште подобра во комбинација со малку виолетова. На овој начин косата добива интересна длабочина.
Тонови со боја на еспресо
Оваа темна боја може вистински да се освежи со топли црвени тонови, а крајниот резултат е ефект на темно дрво.