Машка елеганција
Филмовите за тајниот агент Џејмс Бонд не научија на една многу важна работа, кога е во прашање маж со стил...жените никогаш не одбиваат мажи...
...облечени во беспрекорно елегантно одело. Меѓутоа за да изгледате свечено во секоја пригода не е доволно само да го облечете тоа одело. Потребно е да се чувствувате свечено, што значи треба да им се препуштите на малите ритуали кои ќе ве одведат до саканото чувство.
Таа лекција може да се научи од жените. Како што тие уживаат во ситници, така можат и мажите. Прицврстувањето на манжетни, местењето на вратоврската, одбирањето на шамивче кое ќе го ставите во џеб.
Патец на страна, беспрекорно уреден и зацементиран со гел, функционира само ако изгледате како Кери Грант или Џорџ Клуни.
За смртниците постои помалку лизгав пат да ја доведат косата во ред. Понекогаш е сосема доволно да се истуширате и да ја исушите косата со крпа, да влезете во добро скроено одело и квалитетни чевли – и тоа е тоа! Дури и неморате да се избричите...
Тоа што носите најдобро одело, луксузни детали во склад со оделото и изгланцани чевли не значи дека автоматски и лицето треба да ви биде свежо избричено.
Но, да не се лажеме, никој нема да го толерира изгледот на Робинзон Крусо. Брадата, доколку ја имате, треба да делува средено и уредно.
Да резимираме... мажите се многу поедноставни и поскромни од жените.