Бикини со висок струк – хит костим за капење ова лето (фото)
Јуни е веќе овде, а со него започна интензивното размислување за одење на море, езеро, базен и за излежувањето на сонце. Па, веројатно веќе почнувате да размислувате и за нов костим за капење.
Оваа сезона навистина се истакна еден модел на бикини. Доколку барате костим за капење што ќе ви стои добро и ќе ги сокрие вашите недостатоци на стомакот, пробајте модел со висок струк.
Овие винтиџ модели се појавиле уште во 50-тите, а заслугата му припаѓа на францускиот моден дизајнер Жак Хејм. Моделот го прославиле ѕвездите како Мерилин Монро, а сигурно сте забележале дека го носеле и нашите мајки и баби.
Бикините со висок струк се враќаат и оваа сезона, а во продолжение погледнете четири одлични варијанти што изгледаат одлично на секоја фигура.
Бело бикини: Одличен контраст со исончаната кожа
Белата боја е погодна за секоја сезона, но особено е привлечна во летото бидејќи дополнително го нагласува темниот тен. Истото го прават и костимите за капење со бела боја.
Можете да одберете едноставен модел, но и некој со интересни детали, како копчиња или реси. За да го дополните изгледот за на плажа, одберете впечатливи очила за сонце или марама.
Црно бикини: Вечна класика
Црната боја е класика со која не можете да погрешите. Во комбинација со високиот струк на костимот за капење, ќе изгледате навистина неодоливо.
За да ја разбиете монотонијата на црната боја, можете да одберете костим со разни кроеви и детали, а оваа сезона популарни се костимите кои се исечени од страна.
На целата комбинација слободно додадете голем сламен шешир или шарена наметка.
Силните бои не поминуваат незабележано
Како и белите нијанси, и силните бои го истакнуваат вашиот бронзен тен. Оваа сезона купете барем едно бикини со светла боја за да ја освежите гардеробата.
Бидејќи се впечатливи самите по себе, не ви се потребни дополнителни додатоци. Можете да облечете само бела кошула и ќе бидете подготвени за забава на плажа.
Одбирајте внимателно: Карирано и бикини со животински принт
Доколку сакате да експериментирате, одберете модел со некаков принт. Карираните костими се секогаш во тренд, а оваа сезона, животинските принтови се „преселија“ и на костимите за капење.
Исто популарни се и дезените со точки кои оваа година ги гледаме насекаде.
Спирова С. | Црнобело