Зошто треба почесто да носите црна облека на важни настани?

Иако многумина ја поврзуваат со мрачни настани, сепак црната боја е елегантна и прави да се чувствувате посамоуверено, а тоа го докажува и науката.

zoshto-treba-pochesto-da-nosite-crna-obleka-na-vazhni-nastani-01.jpg

Време е да престанете да ја гледате црната боја како негативна и да почнете да ги извлекувате бенефитите од неа.

Ако знаете како да ја искомбинирате, црната може да биде позитивна боја, а истражувањата го докажуваат тоа.

Црната боја дава сигурност

Во едно британско истражување, докажано е дека црната боја прави луѓето да се чувствуваат посамоуверено и посигурно.

Поголем број од испитаниците одговориле дека црната е боја која ја поврзуваат со доверба.

zoshto-treba-pochesto-da-nosite-crna-obleka-na-vazhni-nastani-02.jpg

Жените пак, велат дека мажите им се попривлечни кога носат црно, па покрај тоа што прави да се чувствуваат сигурно, оваа боја прави луѓето да зрачат со сексапил.

zoshto-treba-pochesto-da-nosite-crna-obleka-na-vazhni-nastani-05 (1).jpg

Црната е боја за интервју за работа

Резултатите од ова истражување се корисни за оние кои одат на интервјуа за работа и слични настани на кои треба да ја покажат својата самодоверба и да бидат сигурни во себе.

На следното интервју, состанок или јавно обраќање, не се двоумете и облечете нешто црно.

zoshto-treba-pochesto-da-nosite-crna-obleka-na-vazhni-nastani-04.jpg

Добрата и лоша страна на неколку други бои

Другите бои исто така дале интересни резултати во истражувањето, па така, црвената, се смета за сензуален избор за жените, но не и за жените.

Портокаловата и кафеавата имаат големо НЕ за двата пола, бидејќи не се бои кои обезбедуваат сигурност и самодоверба.

Исто така, треба да бидете внимателни со розовата, бидејќи оваа боја не се поврзува со интелигенција, па избегнувајте ја на професионални средби.

zoshto-treba-pochesto-da-nosite-crna-obleka-na-vazhni-nastani-05.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Црна тантела, високи чизми: Како се дотераа гостите за настапот на Махмут Орхан во Скопје? Елена Најдоски, Калтрина Круезиу и Миа Костова, беа само дел од гостите кои сино...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот) Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg