Модни предлози после кои ќе се вљубите во „машките“ оксфорд чевли (фото)
Не е тајна дека само најхрабрите жени без страв знаат да експериментираат со „машки“ модни парчиња, а сепак да изгледаат женствено.
Во категоријата на „машки“ парчиња спаѓаат широките бели кошули, широките кардигани и џемпери и секако – оксфорд чевлите.
Ако знаете како да ги искомбинирате оксфорд чевлите може да изгледаат многу поженствено отколку што мислите.
Може да одберете класичен црн модел, а може и да си поиграте со металик варијанти кои ќе бидат единствениот светкав детаљ на вас.
Блогерките и жените кои се разбираат во мода долго време ги вклучуваат во нивните дневни изданија, па имате огромен избор на инспирација:
М. Д. | Црнобело