Кратка историја за чантите, симболот на слободата на жените
Без разлика дали е мала или голема, еднобојна или шарена, плетена или кожна, со рачки или долго ремче, чантата е секогаш корисна. Присутна е на секој настан и на секоја фотографија.
Чантата стана симбол на слободата и рамноправноста на жените во модерното време.
Зошто е толку популарен и неизбежен дел од модата?
Дознајте нешто повеќе за историјата и намената на чантите низ историјата:
Потреба за торба или чанта постои од кога постои и човештвото. Луѓето секогаш имале потреба да имаат нешто во што би ги ставале своите лични предмети. Првите чанти настанале во прасторија, а биле направени од животинска кожа.
Најчесто ја носеле мажите кога оделе во лов, а во неа чувале алатки, оружја и лични предмети.
Подоцна чантата почнала да се користи за ситните парички.
Машките чанти генерално се отфрлаат со појавата на џебовите на панталоните. Типична машка чанта (актовка) и докторска чанта со метална рачка, се појавува во 19-от век, додека кај машката популација денес чантата е заменета со ранец.
Се верува дека првата женска чанта била направена во 14-от век во Мосул, северен Ирак. Но чанта каква што ја знаеме денес е создадена во 19-от век. Првично ги носеле само богатите жени, жените на банкарите и службениците, на своите церемонии и прошетки.
Во почетокот за изработка се користеле монисти, дрво, чипка. Денес овие материјали се надополнети со посовремени и поквалитетни материјали. Некои дизајнери користат различни типови на пластика и рециклирана хартија.
Како замена за чантите порано се носеле големи украсни појаси на кои биле закачени ножици, клучеви, парфеми и сл. Овие појаси биле актуелни во втората половина на деветнаесеттиот век и на почетокот на 20-от век.
Поранешната британска премиерка, Маргарет Тачер, често пати ја носела својата чанта, со што истата стана симбол на политичка моќ на жените во дваесеттиот век.
Кога чантата влезе во политиката, уште полесно го зазема своето место кај светските модни дизајнери. Една од најпознатите светски чанти е "Кели", чантата која се изработувала 18 часа.
Истата станала популарна кога принцезата Грејс Кели се обиде со неа да ја скрие бременоста.
Друга позната чанта е "Шанел" на дизајнерката Коко Шанел која својата инспирација ја пронашла во сиропиталиштето.
Ашера | Црнобело