Блогерка 2 месеци го носела истото, црвено одело - со каква цел?
Марина Тестино е блогерка која ја следат илјадници луѓе на Инстаграм. Иако нејзина работа е да изгледа постојано различно и да носи разновидна облека, се решила за еден поинаков експеримент – цели 2 месеци носела исто црвено одело.
Марина тврди дека за да изгледате фантастично ви треба само облека која добро ви прилега, а не еден куп разновидни парчиња.
Експериментот ја ослободил од константното мислење „што да облечам?“
Црвеното одело го носела во секакви прилики – од дневни работни обврски, до вечерни излегувања. Го трансформирала од елегантно, до лежерно и сексапилно издание.
Очекувала да наиде на многу критики, но сфатила дека луѓето не ни забележуваат дека постојано го носи едното исто одело на неа.
На крајот од експериментот сфатила дека не е потребно да купите повеќе парчиња облека за евтини пари, туку едно квалитетно нешто кое ќе го носите со години.
М. Д. | Црнобело