18 пролетни комбинации за жени со стил (фото)
Како што стануваат почести сончевите денови, така сè поголема е желбата да ја извадиме гардеробата во свежи бои и пролетни дезени.
Време е да го развеселите изгледот со впечатливи модни комбинации и да блеснете во полн сјај во (пред)пролетните денови.
Жолти панталони и сакоа, шарени, цветни здолништа и фустани во впечатливи бои на сите ни се омилени, но за да му дадете на изгледот вистински стилска нота, важно е да ја погодите цела комбинација.
Комбинирањето на облеката со чанта, чевли и други модни додатоци е од клучно значење, а ние сме тука да ви помогнеме.
Доколку немате идеја како да се облечете за на работа, на прошетка или кафе, а сакате да изгледате стилски каде и да се појавите, следниве комбинации ќе ве охрабрат и со нетрпение ќе ги очекувате потоплите денови.