Хит на Инстаграм: Модно усогласена мајка со своите две ќерки (фото)
Хана Страфорд-тејлор е блогерка која знае како да ужива во мајчинството, а нејзиниот Инстаграм профил е како моден каталог и семеен албум истовремено.
37-годишната мајка од Лондон има одличен стил, а истиот го пренесува и на нејзините две ќеркички.
На блогерката очигледно не ѝ е воопшто тешко да ги дотера ќеркичките и да направи прекрасни фотки со нив на различни локации.
„Отсекогаш бев опседната со облека, дури и кога бев мала, поминував часови во гардероберот на мајка ми создавајќи различни аутфити.“ – вели блогерката.
Таа вели дека комфорот е најважен, а може да ја забележиме во најразлични комбинации – од кежуал, до впечатливи и елегантни.
Во кафулиња, паркови или на егзотични дестинации, облечени во дизајнерски парчиња облека, модното трио е вистинска стилска инспирација.
Погледнете дел од најубавите фотки на блогерката со нејзините две ќеркички:
М. М. | Црнобело