H&M фустанот од 1.700 денари кој го носеше Меган Маркл, распродаден за 24 часа
За време на кралска должност оваа недела Меган Маркл ги украде симпатиите на сите жени носејќи лесно достапен H&M фустан.
Фустанот кој чини околу 1.700 денари доаѓа во две нијанси – темно сива и светла крем, а Меган ја одбра втората варијанта. Ја искомбинира со светол капут, чанта со златни синџирчиња и „голи“ шпиц потпетици.
Модните обожавателки успеаја за помалку од 24 часа да го „исчистат“ фустанот од залихите на H&M.
Фустанот иако е од колекцијата за трудници, многу жени тврдат дека не мора да имате трудничко стомаче за да ви прилега како слеан за фигурата.
Како изгледаше Меган и како изгледа фустанот во кој жените се заљубија благодарение на неа:
М. Д. | Црнобело