10 докази дека Моника Белучи е неодолива – дури и да е лошо облечена (фото)
Италијанската филмска дива редовно доминира на топ листите за најубави жени во светот. Од друга страна, нејзиното име послабо котира на пописот за модни икони меѓу славните дами.
Постојат жени кои се скоцкани од глава до пети. Будно ги следат трендовите и не си дозволуваат ни ситни грешки при појавувањата во јавност. Но, сеедно им недостасува харизма и магнетска привлечност, дури и во најсовршенте тоалети. А, има и спротивни примери.
Една од нив е дивата Моника Белучи. Кога е во прашање оваа прекрасна 54-годишна италијанска актерка, гардеробата едноставно паѓа во втор план. И кога ќе одбере парчиња облека, или, пак, комбинации кои можеби не ѝ ласкаат, нејзината вонсериска убавина го брише секој моден кикс.
Корисниците на социјалните мрежи ширум светот се согласни дека таа би била занесна дури и да има вреќа на себе. Во прилог на оваа констатација сведочат и дел од изданијата со кои не се прослави во очите на критичарите, но одново мамеше воздишки кај публиката. Денес ви прикажуваме десет такви примери.
Ова се доказите дека Моника Белучи е неодолива – дури и да е лошо облечена:
M. A. | Црнобело