5 грешки со фармерките кои речиси сите ги правиме

Фармерките се безвременско парче облека и речиси и да нема личност која не поседува барем еден пар. Лесно се комбинираат за повеќе пригоди и никогаш не излегуваат од мода.

5-greshki-so-farmerkite-koi-rechisi-site-gi-pravime-01.jpg

Но, се чини дека ретко кој знае како правилно да ги чува и одржува, па со тоа им се скратува таканаречениот животен век.

Ова се петте најчести грешки кои најверојатно ги правите:

Носите несоодветен број

Купувањето фармерки со несоодветна големина е голема грешка. За нив е важно да ви бидат точни, за заедно со нив да изградите уникатен стил. Купувајте го точниот број и носете ги неколку часа откако ќе ги исперете, за да видите колку ќе се рашират и дали ќе ви стојат како што треба.

5-greshki-so-farmerkite-koi-rechisi-site-gi-pravime-02.jpg

Ги перете пречесто

Ова е една од најчестите грешки. Дури и самите производители на фармерки советуваат да ги перете кога се очигледно нечисти. Во просек, треба да ги перете после пет до седум носења.

Ги перете неправилно

Запомнете го ова правило: Фармерки се перат превртени со надворешната страна кон надвор. На овој начин ја заштитувате бојата. Треба да перете на 30 степени и да не ги мешате со светла облека.

5-greshki-so-farmerkite-koi-rechisi-site-gi-pravime-03.jpg

Не ги кратите ногавиците

Ако ви се влечат ногавиците по подот, треба да ги скратите соодветно на вашата височина.

Ги изложувате на премногу топлина

Машината за сушење и пеглата не се пријатели на џинсот. Најдобро е да ги сушите природно, дури и ако тоа одзема повеќе време отколку што би одземала машината за сушење.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки со кои несвесно правиме да изгледаме постаро отколку што сме Впечатливи цветни принтови, темна сенка за очите... Што треба да избегнуваме за ...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
5 грешки кога комбинирате зимска капа (и како да ги исправите) Темна капа не оди во комбинација со темни очила, но ни шубара не се комбинира со...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg