Дали ова е најпопуларниот фустан за 2018 година?
Алесандра Рич е италијанска дизајнерка со постојано живеалиште во Лондон, а последните неколку години стана исклучително популарна во холивудските кругови, но и кај славните пејачки, модели и членовите на кралските семејства.
Нејзините креации отсликуваат романтични и женствени кроеви кои на суптилен начин ги нагласуваат најдобрите женски адути. Алесандра е најпрепознатлива по долгите вечерни фустани, а од 2016 година започнала да креира и здолништа со миди и мини должини.
Во нејзината колекција Пролет/Лето 2018 година се истакнува еден едноставен фустан изработен од свила.
Темносиниот струкиран фустан со мали копченца однапред, ситни бели точки кои преовладуваат во дезенот и обична бела јака освои толку многу дами, без оглед на нивната фигура и големина.
Фустанот стекна особено голема популарност откако Кејт Мидлтон го носеше на прославата на 70-тиот роденден на принцот Чарлс.
На шармот на синиот точкест фустан не останаа имуни ниту Сара Џесика Паркер, некогашниот модел Кристи Бринкли, но и актерката Дејзи Ридли.
Фустанот „се појави“ и на кралската свадба на годината, венчавката на принцот Хари и Меган Маркл, а ја носеше пријателката на војвотката – Абигејл Спенсер, а и Иванка Трамп се појави облечена во овој модел.
Точкестиот темносин фустан на Алесандра Рич е нормално распродаден, а неговата цена изнесувала 1.225 фунти или околу 84.860 денари.
Што мислите вие за најпопуларниот фустан кој ја одбележа 2018 година?
https://www.instagram.com/p/BcFFH4xDZOq/?utm_source=ig_embed
(О)Милена | Црнобело