6 модни парчиња кои ви се неопходни ако патувате со авион

Најголемата дилема на жените при патување, освен што ќе спакуваат во куфер, е и што да облечат додека патуваат?

6-modni-parchinja-koi-vi-se-neophodni-ako-patuvate-so-avion-01.jpg

Посебно ако патувате со авион, секако дека ќе сакате да бидете удобно облечени, но тоа не значи дека на дестинацијата сакате да пристигнете со тренерки.

Модните експерти советуваат дека ви се потребни неколку модни парчиња за да не направите „утка“, а истите ги практикуваат дури и славните.

Во продолжение погледнете кои 6 модни парчиња се задолжителни при патување:

Блуза со линии

Омилена им е за патување на ѕвезди како Ема Вотсон и Џенифер Гарнер, бидејќи прави да изгледате лежерно и средено истовремено.

Плус, има и практична цел – дамките ако ви се истури нешто при пиење или турбуленција, помалку ќе се познаваат на ригите.

6-modni-parchinja-koi-vi-se-neophodni-ako-patuvate-so-avion-02.jpg

Плетен џемпер од квалитетен материјал

За оние кои се малку позимурливи, плетените џемпери се идеални, но важно е да бидат од квалитетен материјал, за да ве стоплат доволно, но притоа да не ве испотат.

Одличен избор се за ноќните летови кога е поладно да се топлите, а да изгледате добро.

6-modni-parchinja-koi-vi-se-neophodni-ako-patuvate-so-avion-03.jpg

Шал/марама

Кога џемперот не е доволен, или доколку одберете потенка варијанта, секогаш може да додадете огромен шал кој ќе го замотате околу врат и ќе ве топли наместо нехигиенските ќебиња во авионите.

6-modni-parchinja-koi-vi-se-neophodni-ako-patuvate-so-avion-04.jpg

Лежерни впечатливи панталони

Најтешко е веројатно да се одберат панталони, бидејќи ако патувањето е долго, сигурно не сакате да патувате во тесни фармерки, но не сакате да се осудите ни да облечете тренерки, бидејќи сакате да стигнете средени на дестинацијата.

За таа цел, идеални се моделите на панталони кои се со лежерен крој и ластици како тренерки, но имаат впечатлив принт и изгледаат поофицијално.

6-modni-parchinja-koi-vi-se-neophodni-ako-patuvate-so-avion-05.jpg

Чанта која се собира кај отворот

Овие чанти се одлични бидејќи собираат доволно работи кои ви се потребни за време на летот, ништо не може да падне од нив, и лесно имате пристап до внатрешноста без да отворате преклопи, патенти и слично.

6-modni-parchinja-koi-vi-se-neophodni-ako-patuvate-so-avion-06.jpg

Удобни и шик патики

Веќе не е чудно патиките да ги комбинирате со било каква друга облека освен тренерки, а со неколку додатоци плус ќе изгледате совршено, а притоа ќе ви биде удобно за време на целиот лет, па дури и ако треба да шетате откако ќе стигнете.

6-modni-parchinja-koi-vi-se-neophodni-ako-patuvate-so-avion-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg