Облека за џентлмени која зборува наместо вас

Не е лесно да се пронајде вистинската машка деловна облека, со која ќе оставите импресивен прв впечаток, без оглед дали се подготвувате за интервју за работа, бизнис-сотанок или за некаква вечерна прилика.

obleka-za-dzentlmeni-koja-zboruva-namesto-vas-01.JPG

За да ви помогнеме при изборот, ние прошетавме низ продавниците наместо вас и откривме место каде што на едно место ќе купите сè што ви треба за комплетен елегантен изглед. Најдоброто во целата приказна е што со оваа облека за која сакаме да ви раскажеме, никогаш нема да треба да кажете нешто за себе  – едноставно Gabbiacci моделите зборуваат наместо вас.

Gabbiacci мажот е џентлмен, кој знае што сака. Се однесува како џентлмен, се облекува како џентлмен. Сака луксуз, сака да биде забележан и запамтен. Тој е самоуверен, храбар и сака да експериментира. Gabbiacci мажот знае дека трендот е променлив, а стилот е траен и личен печат. Облеката и модните детали на овој италијански бренд за луксузна облека совршено им одговараат на џентлмени што сакаат да изгледаат деловно и истовремено ги следат модните трендови.

obleka-za-dzentlmeni-koja-zboruva-namesto-vas-02.JPG

Дизајнирани се и изработени по највисоки стандарди за клиенти што сакаат да се облекуваат луксузно, но и удобно.  Костуми, палта, панталони, сакоа, кошули, џемпери и пуловери, чевли и различни модни детали, најдобрите вратоврски што може да ги замислите, игли за вратоврски... – сите зрачат со италијански стил и шарм во кои мажите се пронаоѓаат, а жените тешко им одолеваат. Современите колекции се дизајнирани во комплементарни концепти како regular-fit или slim-fit и изработени се со врвен квалитет. Токму тоа е клучот за импресивен изглед кај секој маж.

obleka-za-dzentlmeni-koja-zboruva-namesto-vas-03.JPG

Сето ова ќе го пронајдете во новата колекција есен-зима, која веќе пристигна во нивната продавница во ГТЦ на приземје, од страната на Жена-парк. Посетете ги и ќе се уверите дека со Gabbiacci навистина не е потребен опис.

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот) Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg