Облека во боја на цимет: Есенски фаворит на трендсетерките (фото)

Кога ќе помислиме на есента, прва асоцијација ни се прекрасните нијанси на природата, мирисот на цимет и паднатото лисје.

obleka-vo-boja-na-cimet-esenski-favorit-na-trendseterkite-foto-1.png

Есента отсекогаш ги инспирирала уметниците, поетите и писателите, ама и модните креатори. Од Hermès до Bottega Veneta, брендовите годинава го ставаат циметот на модната мапа.

Поженствена од кафеавата и поласкава од кремастата, оваа земјена нијанса ќе изгледа совршено во есенските аутфити. Сите тонови на цимет најдоа место во колекциите на дизајнерските куќи за тековната сезона.

obleka-vo-boja-na-cimet-esenski-favorit-na-trendseterkite-foto-2.jpg

Ако сакате комплетен изглед во истата боја, тогаш ви предлагаме да се одлучите за плетените макси фустани. Доколку, пак, желба ви е да ги внесете нијансите на цимет во мали дози, определете се за кожени парчиња, шешири или ракавици.

Каков и да биде вашиот избор, нема да погрешите со есенскиот фаворит на трендсетерките.

obleka-vo-boja-na-cimet-esenski-favorit-na-trendseterkite-foto-3.jpg

Погледнете како тие ја носат облеката во боја на цимет од галеријата во продолжение:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...
9 совети со кои ќе изгледате како „милион долари“ (без да потрошите многу пари) Плетен џемпер со V-отвор на линии, кафена чанта за секоја комбинација - некои па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg