Купувајте ги на попуст: Парчиња облека за кои нема потреба да трошите многу пари
Додека за обувките, јакните и капутите вреди да се дадат повеќе пари, за да добиете квалитет каков што ви треба, за некои парчиња облека, едноставно, не вреди да трошите големи суми.
Ова особено важи за моменталните краткотрајни трендови, на кои бргу ќе им помине модата и по неколку месеци ќе сакате да ги заборавите.
Затоа, на следниве три парчиња облека, обидете се да заштедите што повеќе:
Костими за капење
Дури и најскапите костими за капење не се отпорни на морската вода и сонцето, па може да се случи да избледат уште на првиот одмор. Подобро е да ги купувате на попуст, за да не ви биде жал доколку се оштетат.
Трендовски накит
За накит вреди да вложувате пари доколку се работи за вредно парче, кое никогаш не излегува од мода. Но, кога се работи за моменталните трендови, подобро е да се држите до поевтината бижутерија.
Необични маички
Различните модели и кроеви остануваат во тренд најмногу една сезона. Затоа, купувајте ги на големи попусти и од поевтини продавници, а парите вложете ги во безвременски парчиња кои можете да ги комбинирате и со здолништа и со шорц или со фармерки.
Е. Д. | Црнобело