Водич за жени: Како да носите тесно здолниште без да ги нагласите недостатоците на телото?
Пенсил здолништето е универзално парче облека кое во последно време секоја девојка се обидува да го поседува.
Сепак, многу се плашат од овој модел, бидејќи мислат дека со тоа може уште повеќе да си ги нагласат недостатоците на телото.
Но, дизајнерите уверуваат дека постојат различни модели на пенсил здолниште и има избор за секој тип на тело.
Важно е само да знаете какво е вашето тело и да проверите кој модел најдобро ви одговара според градбата.
Инструкции за пенсил здолниште:
Форма на јаболко
Идеално здолниште:
- Висок струк
- Цврст материјал (тексас, кожа)
- Класична темна боја (боја на црвено вино, тегет, црна, сива)
- Материјал со дезени е дозволен за да го оттргне вниманието од волуменот на половината
- Моделот треба да се стеснува надоле
- До колена или малку над нив
Форма на круша
Идеално здолниште:
- Рамен крој, може да користите широк колан
- Цврст материјал, без додадотци и дезени од страните
- Неколку сантиметри под колена
- Светли бои, монохроматски бои *(маслинеста, млечна, сива, црна)
Форма на превртен триаголник
Идеално здолниште:
- Тесна
- Различни нијанси на бела, дезени со хоризонтални линии, светли бои и металик
- Ако бирате темни бои, најгласете ја половината (тесна јакна или корсет)
Форма на правоаголник
Идеално здолниште:
- Модел кој надолу благо се стеснува
- Не мора да е целосно тесна
- Од цврст материјал
- Без колан
Форма на песочен часовник
Овој тип на тело е идеален за вакво здолниште и речиси сите типови и модели одговараат на фигурата со оглед на тоа што одлично се нагласуваат облините.
М. М. | Црнобело