Трикови со кои ќе направите облеката која не ви е точна да ви стои подобро
-->
Колку пати се случило да се заљубите во некое парче облека, но да се разочарате кога ќе видите дека големината која останала не ви одговара?
Многумина се одлучуваат да го купат тоа парче и да го носат иако не им стои совршено, други пак, го купуваат со цел да ослабат (ако им е мало), трети да го однесат на поправка, а има и такви кои сами знаат да го приспособат.
-->
Иако постојат многу трикови за „направи сам“ проекти со кои може да ја коригирате облеката, сепак повеќето сакаат некој полесен начин.
Најлесен пат за тоа е да се прикрие недостатокот, а во продолжение погледнете уште неколку трикови:
Практикувајте слоевито облекување и недостатоците покријте ги со друго парче облека
Користете ги коланите за подобро да ја истакнете половината, на пример со широки џемпери или туники
Ако панталоните или здолништето ви се широки, а немате колан при рака, ставете ја кошулата внатре за да не делувате со целосно проширен изглед
-->
-->
Пробувајте ја облеката пред да ја купите наместо да се потпирате на стандардна големина, која секаде е различна
-->
Доколку не можете да најдете ништо со што ќе го поправите изгледот, однесете ја облеката на кројач за соодветно да ви стои
Високите штикли помагаат широките и долги панталони да стојат подобро, а не како торба
-->
Ако сте со помала и ниска градба, наместо да купувате голема облека, купувајте во детски оддели
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода
Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина
Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар
Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед
Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот)
Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...
9 совети со кои ќе изгледате како „милион долари“ (без да потрошите многу пари)
Плетен џемпер со V-отвор на линии, кафена чанта за секоја комбинација - некои па...