7 стилски грешки кои ви додаваат години и килограми
Не е тајна дека секој сака да изгледа најдобро и дека се труди максимално околу тоа. Некогаш, за жал, не ни успева.
Она што треба да го знаеме за стилот е дека мора да се облекуваме соодветно на возраста и обликот на телото, за да може да изгледаме уредно и убаво.
Ова се најчестите големи стилски грешки поради кои понекогаш изгледате како да имате неколку години или килограми повеќе:
1. Премногу црна боја
Колку што е сигурна и елегантна, толку црната боја може да ве стави и во стилска замка. Кога сте повозрасни и кога кожата губи од тонусот, а косата почнува да белее, црната облека може да привлече повеќе внимание кон вашите знаци на стареење.
Ова дополнително ја потврдува инстинктивната потреба на повозрасните луѓе да избираат облека во светли и живи бои, наместо да одат „на сигурно“ со црните парчиња.
2. Преголема или премала облека
Обидот да ги скриете вишокот килограми со преширока облека може да заврши со резултат да изгледате како вреќа. Секогаш треба да носите крој и модел кои одговараат на вашето тело, дури и ако тоа значи да шиете кај шивач.
3. Должината на здолништето
Ако сте повозрасна личност не значи дека треба да носите здолниште до под колена, бидејќи на тој начин визуелно ги скратувате нозете. Секогаш избирајте меѓу должините малку над колената или точно до колената.
4. Погрешно избрани очила
Ако носите очила со диоптер, потребно е да изберете рамка што ќе одговара на вашето лице. Не ги купувајте првите што ќе ги видите, ниту пак најевтините. Правилно избраните очила можат да бидат навистина ефективен моден додаток.
5. Одите со кого било во шопинг
Кога купувате облека или одете во шопинг сами или со вас нека дојде личност која отворено ќе ви укаже на тоа дали нешто добро ви стои или не. Уште подобро е ако оваа личност има истенчен моден вкус.
6. Чевли со платформа
Можеби мислите дека не влијаат врз изгледот, но и чевлите треба да ги бирате внимателно. Високата потпетица и платформата на некои им стојат навистина добро. Но, ако имате изразено видливи крвни садови или стапалата лесно ви отекуваат, изберете балетанки, мокасинки или салонки без платформа на не многу висока потпетица.
7. Изборот на марами
Малата свилена марама врзана на вратот веќе одамна не е ин и е препознатлива само за стјуардесите. Доколку не ја работите таа професија или не ви е дефинирано со дрес-код, изберете похрабри и поинтересни модели на марама. Дури не мора да ја носите ниту околу вратот, туку врзете ја на главата или употребете ја како моден детаљ на чантата.
Е. Д. | Црнобело