Носи иста облека, а изгледа различно: Кои се модните техники на Кејт Мидлтон? (фото)

Досега во многу пригоди сме ја виделе Кејт Мидлтон како одново ги носи капутите, коктел фустаните, па дури и вечерните тоалети, но секогаш изгледа поинаку. Која е нејзината тајна?

nosi-ista-obleka-a-izgleda-razlichno-koi-se-tehnikite-na-kejt-midlton-foto-01.jpg

Кејт Мидлтон е позната по тоа што често се појавува во јавност во облека која веќе ја носела, иако таа може да си дозволи постојано да биде во нешто ново.

Нејзината скромност, како и префинетата елеганција, прават да биде идол на многу девојки низ светот.

Трикови кои ѝ помагаат да носи иста облека повеќе пати, а да изгледа различно:

Млечно бел капут – го носеше најмалку во 4 пригоди, а изгледаше поинаку со помош на различни шапки, фризури и додавање на брош.

nosi-ista-obleka-a-izgleda-razlichno-koi-se-tehnikite-na-kejt-midlton-foto-02.jpg

Црвен фустан – го обожава, а го носи со различни плик чанти и додава брош или шапка.

nosi-ista-obleka-a-izgleda-razlichno-koi-se-tehnikite-na-kejt-midlton-foto-03.jpg

Фустан во боја на сафир – тајната е во различните ремени што ги користи, како и додавање на накит.

nosi-ista-obleka-a-izgleda-razlichno-koi-se-tehnikite-na-kejt-midlton-foto-04.jpg

Фустан од тантела – веќе е јасно, само еден ремен, промена на чевли и чанта прават голема разлика.

nosi-ista-obleka-a-izgleda-razlichno-koi-se-tehnikite-na-kejt-midlton-foto-05.jpg

Крем капут – го носеше во 2006 година, па 10 години подоцна во 2016 со друга шапка.

nosi-ista-obleka-a-izgleda-razlichno-koi-se-tehnikite-na-kejt-midlton-foto-06.jpg

Елегантна тоалета – промена на накит и пуштена vs. врзана коса.

nosi-ista-obleka-a-izgleda-razlichno-koi-se-tehnikite-na-kejt-midlton-foto-07.jpg

Зелен капут – овојпат работата ја завршија црните хулахопки, ролка и ракавици.

nosi-ista-obleka-a-izgleda-razlichno-koi-se-tehnikite-na-kejt-midlton-foto-08.jpg

Жолт капут – го носеше во 2012, а потоа и во 2016 при посетата на Бутан, само овојпат без шапка.

nosi-ista-obleka-a-izgleda-razlichno-koi-se-tehnikite-na-kejt-midlton-foto-09.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg