Не облекувајте на работа
Вашето присуство на работното место треба да остава впечаток дека сте таму за да ги завршите обрвските. Тоа значи дека секогаш треба да бидете...
...средени и да изгледате професионално. Но, што всушност професионалниот изглед налага?
Што е тоа што не смеете ниту да помислите да го облечете кога одите на работа?
- Тексас. Иако фармерките се сè повеќе прифатени на работното место, сепак не треба да го истакнувате нивното носење. Имено, кога веќе сте решиле да облечете фармерки, надополнете ги со некоја класична кошула или џемпер со V израз.
- Долна облека. Не, не сакаме да кажеме дека не треба да носите долна облека, туку дека бојата и типот на килотите и градникот кои ги носите не мора да бидат видливи за колегите. Секогаш изберете долна облека која што нема да паѓа во очи, а сепак малку ќе ги истакнува вашите атрибути.
- Гола кожа. Секси изгледот може да отвори многу врати, но тоа не значи дека на работа треба да носите длабоко деколте или кратко здолниште. Здолништето нека биде најмногу 10цм над колената, а што се однесува до деколтето гледајте што помалку да откриете. Истото важи и за мажите. Можеби љубовниот тепих на градите е ваша гордост, но не морате истиот да го споделите со останатите колеги.
- Скинати и извалкани алишта. На секого може да му се случи додека е на работното место да се извалка или да ја скине облеката. Но, флеки од пот стари и по недела дена, искинати копчиња и изгужвани алишта се неприфатливи.
- Премногу накит. Додатоците се задолжителни за вистинските професионалци, но сè додека се во линија со тоа што на себе го носите и со имиџот кој сакате да го изградите. Нежни обетки, убав каиш и дискретен прстен се само показател дека навистина внимавате на деталите.
- Тренерки. Малку е тешко да го сфатите човекот сериозно кога носи нешто со кое што најверојатно претходно спиел. Непрофесионалниот изглед зачувајте го за дома, за во сала или за во природа.
- Големи логоа. Можеби можете да си дозволите да купувате луксузни брендови, но носењето на големи брендирани логоа може само да ве направи да изгледате бесрамно и очајно во обидот да го привлечете вниманието на другите.
- Апостолки. Небитно колку е опуштено во фирмата каде што работите, апостолките се најголемото зло. Прво, никој не сака да гледа туѓи голи стапала. Второ, звукот кој го прават апостолките може да ги излуди колегите.
-->
Би можело да ве интересира:

Трендови на патики за пролет 2024 кои ќе го освежат вашиот изглед
Трендовите на патики за пролет 2024 година се движат од класични бели до удобни ...

Модни трендови од раните 2000-ти кои денес изгледаат смешно
Некои трендови никогаш не би сакале да се вратат, на пример здолништа преку фарм...

6 трендови од Модната недела во Париз што ќе бидат хит оваа есен
Покрај леопардскиот принт, и комбинацијата од кратко здолниште со долг мантил ст...

За на кафе, за на планина - Како да ги комбинирате хеланките и да бидете во тренд оваа зима 2025?
Постојат жени кои никогаш не би облекле хеланки, но има и такви кои би ги носеле...

8 типови накит кои го уништуваат и најмодерниот стајлинг (и ве прават постари)
Грешка бр. 1 – Поцрнет метален накит, кој прави да изгледате застарено. Грешка б...

6 модели на чанти кои ќе ве претворат во старомодна жена (и треба да ги избегнувате)
Долгнавести, црни чанти како поштарски, модели без форма кои наликуваат на вреќа...