Само една кошула од Зара ви е потребна за цело лето (фото)
Иако многу од дизајните на Зара се распродаваат брзо, сепак не сите им се допаѓаат на сите девојки. Оваа кошула е поразлична, бидејќи не постои жена или девојка која не може да ја носи.
Ленената кошула која доаѓа во две бои, бела и сенф-жолта, чини 1790 денари, а многу од блогерките тврдат дека е единствената која ви треба за цело лето да бидете во тренд.
Лесна е за комбинирање бидејќи може да се носи како фустан, туника, ставена во тесни фармерки или шорцеви. Големите копчиња се детаљ кој ќе ја разбие монотонијата, а ракавите може да бидат пуштени или подвратени.
Како Инстаграм блогерките ја носат моментално најпопуларната кошула од Зара?
М. Д. | Црнобело