Оваа сезона задолжително мора да имате барем едно луксузно миди-здолниште (фото)
Се чини дека популарната и речиси секому омилена должина од ¾ не планира да се пензионира наскоро, барем не од местото каде што се случува најголемата мода – улиците.
Во превод, здолништата кои ви ги покриваат колената, а не достигнуваат до земјата припаѓаат на групата „миди-здолништата“ и дефинитивно се омиленото парче и оваа сезона.
Во фокусот се малку попрефинети и полуксузни миди-здолништа, од понежни материјали, како свила или свилен сатен, до тул украсен со светки или бисери.
Секако, тука се и волуменозните еднобојни или цветни изданија со покрута форма кои не смееме да ги заборавиме.
Што и да одберете, се комбинираат одлично со обични маички, секси корсети или поформални сакоа и секако, одговараат и со балетанки и со потпетици и вистинскиот избор на патики.
Нема некоја негативна причина зошто не би имале барем едно луксузно миди-здолниште сезонава, нели?
Погледнете ги и уверете се:
(О)Милена | Црнобело