Хит модна комбинација: Женски одела во пастелни бои
Во последно време, помеѓу модните трендови сè почесто се наоѓаат женските одела, а за оваа сезона, идеални се оние во пастелни бои.
Секако, тоа што се работи за одела, не значи дека треба да изгледате како во униформа, бидејќи може да си играте со моделот, ширината, должината и комбинацијата.
Широки и ѕвонести панталони или струкирани и до глужд, тесно или широко сако, со копчиња или без нив – изборот на одела е огромен.
Комбинациите не ве ограничуваат, со оглед на тоа што може да ги носите на секакви пригоди, со рамни чевли, штикли или патики.
Доколку мислите дека оделата не може да се комбинираат на најразлични начини, погледнете ги следниве идеи:
М. М. | Црнобело