Женствени и секси: Најубавите фустани со гол грб на Кански 2018 (фото)
Mинатите две седмици се одржуваше филмскиот фестивал во Кан. Секојдневно уживавме во раскошните креации на црвениот тепих. Од најуспешните глумици и режисерки, па до влијателните модни инфлуенсерки и манекенки, славните дами максимално се потрудија за пригодата.
Ги видовме скоцкани во феноменални тоалети и на гламурозната amfAR гала. Не потфрлија ниту со фризурата и шминката, туку секоја од нив изгледаше занесно пред објективот на фотографите.
Овојпат правиме ретроспектива на фустаните со гол грб, коишто имавме прилика да ги видиме последните денови. Што ни понудија познатите гостинки во луксузното француско гратче? И, кои се нашите топ десет фаворити?
Кејт Бланшет ги воодушеви присутните во две прилики. Еднаш се појави во црна чипкаста тоалета со потпис на Armani. Вториот пат, пак, одбра колоритен фустан со карнери од Givenchy, каде се прелеваа тоновите – од виолетова и розова, до црвена и сина.
Кендал Џенер блесна во раскошна, но нежна креација од колекцијата за висока мода на Schiaparelli. Речиси не ѝ ги покриваше градите, а странично и отпозади беше сосема отворена.
Ирина Шајк одржа модна лекција на Кански 2018, исто како и нејзините колешки Бела Хадид и Алесандра Амбросио, докажувајќи дека освен на пистите, тие се кралици и на црвениот тепих.
Женствени и секси, ова се десетте најубави фустани со гол грб од овогодинешното издание на фестивалот:
1. Алесандра Амбросио
2. Бела Хадид
3. Кејт Бланшет
4. Изабел Гулар
5. Кендал Џенер
6. Стела Максвел
7. Алесандра Амбросио
8. Ирина Шајк
9. Амбер Херд
10. Кејт Бланшет
М. А. | Црнобело