Liu Jo и Каролина Гочева со урбана фотосесија
Соработката на Каролина Гочева со групацијата Магнетик продолжува со италијанскиот бренд Liu Jo. Летна фотосесија направена во една урбана средина во околината на архитектурата на МОБ во Скопје.
Liu Jo е бренд чија визија е мисија е истакнување на природната убавина на секоја жена и потенцирање на нејзината уникатност. Бренд кој ја истакнува индивидуалноста кај секоја девојка и жена преку препознатлив стил и вниманите на детали.
Првата комбинација се препознатливите Amazing Fit фармерки кои се заводливи и удобни. Материјалот и фитингот ги истакнуваат облините на секоја жена и девојка, нејзината посебност и заводливост.
Погледнете ги фотографиите од првиот дел од соработката за брендот Liu Jo со Каролина Гочева и уживајте.
За оваа фотосесија Магнетик соработува повторно со:
ФОТОГРАФИЈА // Јована Зука
ШМИНКА // Игор Марков
ФРИЗУРА // Џеси Костиќ