10 безвременски парчиња облека кои треба да ги имате во вашиот гардеробер
Класична бела маичка со кул принт
Не постои ништо покул и потренди од одлична бела маичка со интересен принт. Постојат милиони дезени и денес можеме и самите да си дизајнираме една ваква маичка.
Макси фустан
Одличен додаток за секое годишно време. Во лето може да го носиме со сандали, во пролет со платнени патики, во зима со високи чизми и во есен со интересни оксфорд чевлички.
Тексас јакна
После кожената јакна уште еден омилен избор како на женската, така и на машката популација. Одличен избор за пролетните денови и нуди супер можности за комбинација. Со кошула и класични панталони, со вашето омилено здолниште или фустан, без разлика како ќе се одлучите да го искомбинирате дефинитивно нема да погрешите.
Црни хеланки
Не постои девојка која во својот плакар нема барем едно парче црни хеланки. Тие се омиленото парче во кое уживаме да одмораме по дома, да одиме во теретана или на кратка прошетка.
Класичен блејзер
За крај би го оставиле класичниот блејзер кој ни помага секогаш да изгледаме професионално и тренди. Најпогоден за на работа во милион возможни комбинации. Лесното прилагодување го прави ова парче популарно кај милиони жени ширум светот.
Колку класични парчиња имате вие во вашиот гардеробер?
К. Д. | Црнобело