10 безвременски парчиња облека кои треба да ги имате во вашиот гардеробер
И покрај бројните трендови и огромниот број на облека која ни е достапна на сите, постојат неколку парчиња кои се универзални за сите нас без разлика каде живееме и како се облекуваме.
Дел од нив:
Фустан со цветен дезен
Ова одлично парче облека е совршено за овие пролетни денови кога температурите и расположението потсетуваат на цвеќиња и пролетна свежина. Без разлика на дезенот, кројот и бојата сите девојки имаат барем еден ваков фустан во својот гардеробер.
Кожена јакна
Кожената јакна е дефинитивно број еден избор за сите нас. Сите поседуваме барем еден примерок од овој тренди додаток, кој не штити од временските услови и прави да изгледаме супер тренди.
Кошула на риги
Уште еден универзален примерок кој може да го комбинираме на милион начини, а сепак да изгледаме одлично. За на работа или за на кафе, без оглед на пригодата овој тип на кошула секогаш доаѓа со загарантиран тренди изглед.
Темни и тесни фармерки
Број еден избор на најголем процент од светската популација се секогаш фармерките. А број еден за сите жени се тесните, темни фармерки кои дозволуваат да бидат комбинирани со сите бои, нијанси, дезени и кроеви.
Тексас кошула
Тексас кошулите се одличен избор и замена за традиционалниот тип на кошула. Од кога започна трендот тексас на тексас овој вид на кошули навистина направија огромен бум и сега се наоѓаат во гардероберите на сите урбани жени и мажи.