Талентирана матурантка претворила фустан од 50 долари во модел достоен за црвен тепих (фото)
Една тинејџерка од Алабама го пронашла својот идеален матурски фустан за 50 долари, но имала чувство дека не е целосен. Тогаш ја преземала работата во свои раце.
Назмајде Кастило е девојката која сите ја споредуваат со Бијонсе и Ники Минаж, благодарение на раскошниот фустан кој го облекла на матурската вечер, а го доукрасила самата.
На моделот со крем подлога и кобалтно сини монисти, додала неколку слоеви вештачки рози во идентична нијанса.
Оригиналниот модел чинел само 50 долари и интересно е што нејзиното момче го видело онлајн, па ѝ предложил да го земе предвид.
Талентираната матурантка веднаш во глава ја имала сликата со додадени слоеви рози, која набрзо потоа ја реализирала.
Во „направи сам“ проектот ѝ помогнала нејзината тетка.
М. Д. | Црнобело