Што сè ни откри Ријана досега од нејзината колекција долна облека?
Нејзиниот глас, став, стил и талент се комбинација која ја прави оваа дива кралица на поп музиката.
Неодамна, Ријана лансираше линија на козметички производи од кои голем број на блогери беа позитивно изненадени.
Сите ја пофалија линијата како прилично инклузивна за огромен број на типови на кожа, со оглед на тоа што останатите брендови се ограничени со производи кои не одговараат за секој тип.
Секако, тука се и нејзините иновативни хајлајтери и кармини во неверојатни нијанси. Со право може да кажеме дека Ријана знае да донесе неверојатен производ без разлика за кое поле се работи - музика, козметика, па дури и мода.
Сега, познатата дива дизајнира колекција со долна облека, а веќе подолго време таа нè предизвикува со најавни фотки и видеа на Инстаграм.
Она што го знаеме досега е дека колекцијата ќе се вике SAVAGEXFENTY и ќе содржи неверојатно секси парчиња, а она што е најважно, ќе има модели за секаков тип на тело, во секоја големина.
Ријана успешно ја промовира својата колекција и веројатно сите со нетрпение го очекуваат 11-ти мај, денот кога колекцијата официјално ќе биде лансирана.