Машка мода: Зошто задолжително да носите барем едно бело парче облека?
Топлото време е совршен период за освежување на комбинациите со парчиња облека во бела боја.
Пролетта е совршено време за вметнување на бели парчиња облека во вашите стајлинзи. Белите фармерки, маички и кошули како да станаа синоним за топлите денови.
Доколку не сакате луѓето да ве помешаат со тенисер или можеби едриличар, плус немате храброст за стајлинг комплетно во бело, тогаш само додавање на по едно парче облека во бела боја на комбинациите е доволно.
Белата боја ќе направи да изгледате свежо, кул и префинето. Исто така, таа бара поголема внимателност, па ќе оддавате на маж што се грижи за хигиената.
Комбинирајте ја белата боја со сини и земјени тонови и погледите сами ќе се лепат на вас.
Неколку идеи за комбинации:
С. С. | Црнобело