11 парчиња од плакарот на вашата мајка кои повторно се во мода
Од брошеви и XXL палта до плишани фустани и светкава облека, побарајте инспирација во плакарот на вашата мајка.
Кога ги гледате семејните албуми, обрнете внимание на стајлингот на вашата мајка.
Многу од парчињата облека кои ги носела пред неколку децении сега повторно се ИН и може одлично да ви послужат.
Дадете им „втор живот“ на парчињата од нејзината младост:
Кожени мантили
Екстравагантноста е повторно на сцена, па така кожениот мантил, особено во црвена боја, е повторно ИН.
XXL палта
Ова универзално парче е лесно за комбинирање и прилега одлично на секој тип на тело. Во комбинација со фустан ќе бидете женствени, во комбинација со панталони - деловни.
Облека со потпунки
Актуализирајте ги блузите и кошулите од мајка ви, кои се волуменозни во пределот на рамениците.
Брошеви
Брошевите сигурно ве потсетуваат на некоја тетка или можеби на кралицата Елизабета, но тие се совршен моден додаток за елегантни комбинации.
Облека со реси
Ресите без разлика дали се на здолништата, чантите, јакните, добредојдени се апсолутно секаде.
Тексас од глава до петици
Од тексас елеци и јакни до фармерки, сè се носи повторно. Слободно можете да се облечете во тексас од глава до петици.