Секси тренди чизми за есен '10
Високи чизми повеќе не се карактеристика за чизми со висока штикли, туку и за самата чизма која треба да биде над колено. Трендот кој срамежливо...
...започна минатата година, потполно ќе ги освои женските срца (и машките погледи) оваа есен.
Чизмите преку колена, треба да се најдат во орманот на секоја модно освестена девојка – тврдат модните експерти.
Секси чизмите се носат во различни облици, а подеднакво се ИН и рамните како и оние со потпетици, и широките спортски и поелегантните.
Избегнете ги шарените модели и сконцентрирајте се на еднобојни (црни или кафени) кожни модели.
Одлично прилегаат на тесни фармерки, кратки сукњички и шорцеви, а едноставните комбинации ги прават комплетни.
Удобноста е најважна, па затоа помеѓу чизмата и ногата секогаш треба да имате место за палецот.