Моден експерт открива: Додатоци кои постојано ги купувате, а не треба

Сигурно често ви се случува да излезете низ трговските центри и да завршите со неколку парчиња облека, кои воопшто не ви биле неопходни.

moden-ekspert-otkriva-dodatoci-koi-postojano-gi-kupuvate-a-ne-treba-01.jpg

Или пак, кога ќе стигнете дома, сфаќате дека немате со што да ги комбинирате и дека не ви стојат толку добро како на огледалото во бутикот.

Па така, честопати, иако знаеме дека е грешка, продолжуваме да купуваме некои работи кои не ни се толку потребни или уште полошо, за цел да се следат модните трендови.

На оваа тема советува модниот експерт Michael St. Michael, па погледнете според него, кои се модните парчиња кои не треба да ги купувате постојано:

Очила за сонце со големи рамки

„Веќе не е шик да се криете зад очилата со големи рамки. Сега сè се врти околу тенките рамки (од ’90-ите).“

moden-ekspert-otkriva-parchinja-obleka-koi-postojano-gi-kupuvate-a-ne-treba-02.jpg

Животинско крзно

Додека вештачкото крзно е донекаде во ред и прифатливо, стилистот советува да се држите настрана од било што, што е направено од вистинско животинско крзно.

„Нема исклучок за ова правило. Вистинското крзно е ужасно и злобно да се носи. Одберете вештачко.“

moden-ekspert-otkriva-parchinja-obleka-koi-postojano-gi-kupuvate-a-ne-treba-03.jpg

Дизајнерски маички

Експертот советува дека нема поента да трошите богатство на обична маичка со дизајнерски потпис, кога истата може да се најде за поевтино.

„Нема потреба да плаќате толку пари за обична бела маичка. Тоа е неразумно.“

moden-ekspert-otkriva-parchinja-obleka-koi-postojano-gi-kupuvate-a-ne-treba-04.jpg

Дизајнерски еспадрили

„Во минатото еспадрилите биле правени за една употреба, па е целосно апсурдно да потрошите брдо пари за дизајнерски еспадрили. Главниот елемент е долниот плетен дел, кој без разлика кој го правел, секако ќе се уништи.“

moden-ekspert-otkriva-parchinja-obleka-koi-postojano-gi-kupuvate-a-ne-treba-05.jpg

Синтетички материјали

Кога купувате облека многу е важно да го процените материјалот од кој е направена.

„Не само што синтетичките, пластични материјали се штетни за здравјето бидејќи се направени од токсични хемикалии, туку се ужасни и за околината.“

moden-ekspert-otkriva-parchinja-obleka-koi-postojano-gi-kupuvate-a-ne-treba-06.jpg

Мрежа

Иако многумина, посебно модните блогерки се заљубени во мрежастите детали, сепак експертот советува дека е грешка да го купите.

„Има исклучок – добро е за забава и за маскирање“ – вели тој.

moden-ekspert-otkriva-parchinja-obleka-koi-postojano-gi-kupuvate-a-ne-treba-07.jpg

Мала штикличка

„Тие едвај може да се наречат штикли. Подобро купете си балетанки.“

moden-ekspert-otkriva-parchinja-obleka-koi-postojano-gi-kupuvate-a-ne-treba-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg